Во американската фудбалска лига беше испишана историја на овој спорт. Имено, прв пат се случи еден фудбалер да биде исклучен на основа на видео снимка.
На натпреварот помеѓу Њујорк Сити и Хјустон исклучен беше Давид Виља. Славниот Шпанец при еден корнер го удри противничкиот играч во лице. Судиите тоа не го видоа, но со оглед на фактот дека играчот на Хјустон се жалеше играта беше запрена и се прегледуваа видео снимките.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Кога судијата на малиот екран биде дека Виља навистина реагирал неспортски, одлучи да му покаже црвен картон.