Дома Фудбал Репрезентации Ги напушти светските шампиони, за да игра во репрезнетацијата на неговите предци и сонувал за тоа

Ги напушти светските шампиони, за да игра во репрезнетацијата на неговите предци и сонувал за тоа

Фудбалерот на Валенсија, Жефри Кондгобија е нов репрезентативец на Централноафриканската република.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Човекот кој одигра пет натпревари за сениорската репрезентација за својата „нова“ репрезентација дебитираше во квалификациите за Африканскиот куп на Нации против Брегот на Слоновата Коска пред три дена.

Натпреварот го загубија со 4:0, а 25 годишниот Кондогбија ја носеше капитенската лента на неуспешното деби.

Секако дека промената на репрезентацијата е многу ретка работа, посебно кога напуштате репрезентација која е светски шампион за да браните бои на земја која фудбалски баш и не е премногу развиена.

„Вистина е дека никогаш не сум зборувал за тоа, но луѓето околу мене знаат дека секогаш сонував да настапувам за Централноафриканската република. Семејството и пријателите не ме поддржуваа затоа што со настапите за Франција би добивал поголемо вниамние, а со тоа и подобри понуди“, ја објасни својата одлука Кондогбија.

Сепак и онака е прашање колку Кондогбија ќе добиеше шанса во репрезентацијата на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гави инсистира ФИФА да го помилува Паредес (Видео)

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Гави изјави дека смета оти аргентинскио…