Дома Македонски спорт Мак фудбал МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ: 25 години од првиот меѓународен натпревар – победена беше Словенија (ВИДЕО)

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ: 25 години од првиот меѓународен натпревар – победена беше Словенија (ВИДЕО)

Денес македонскиот фудбал слави голем јубилеј – 25 години од првиот меѓународен натпревар!

Првиот натпревар Македонија го одигра две години по независноста, на 13 октовмри 1993 година во Крањ против Словенија и тоа беше фантастичен почеток со оглед на тоа дека славевме победа од 1:4.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На тој натпревар за Македонија настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупочо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски – тоа беше стартниот тим, а од клупата шанса добија: Неџмедин Мемеди, Горан Георгивски, Ванчо Мицевски и Сашо Милошевски.

Од клупата беа предводени од Андон Дончевски.

Македонија отвори многу брзо, во третата минута преку Бошковски, потоа најпознатиот во тимот Дарко Панчев зголеми на 0:2, Јаневски погоди за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Драган Канатларовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…