Дома Фудбал Репрезентации Ако Калиниќ сака да се врати во репрезентацијата мора да го исполни условот на Модриќ

Ако Калиниќ сака да се врати во репрезентацијата мора да го исполни условот на Модриќ

Репрезентацијата на Хрватска вчера ремизираше против Англија во натпреварот од Лигата на Нации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватска има голем пад во формата после Светското првенство каде што завршија како второпласирани. После дебаклот и поразот од Шпанија, вчерао диграа реми без голови против Англија.

Она што ја загрижува хрватската јавност е што оваа селекција веќе два натпревари е без постигнат погодок. Многумина сметаат дека Марио Манџукиќ прерано се прости од репрезентацијата и дека ќе биде тешко да се надополни неговото отсуство.

После таквите информации се појавија гласини дека Никола Калиниќ сака да се врати во репрезентацијата. Калиниќ, селекторот Далиќ го избрка од тимот откако на Мундијалот одби да влезе во игра против Нигерија, но изгледа дека напаѓачот на Атлетико Мадрид се покајал и е спремен да игра „Коцкестите“.

Но, капитенот на репрезентацијата  Лука Модриќ му испрати јасна порака.

„Мило ми е што слушам дека Калиниќ ќе се врати во репрезентацијата. Неговата желба и извинување се услов за тоа да го направи. Јасно е дека неговите квалитети не се доведени во прашање и сигурно дека би бил важен дел од селекцијата. Секако, ако со него се може да реши на најдобар начин“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…