Бразилецот Малком покрена голема прашина ова лето кога како во филмско сценарио во последен момент се пресели во Барселона, иако се беше подготвено да потпише за Рома.
Италијанците ова не му го простија, напаѓачот тогаш мислеше дека направил добар потег, бидејќи „Барса повикува само еднаш“. Изгледа дека во Шпанија не е се така идеално, настапи во само два натпревари во Примера и тоа вкупно во 25 минути. Доволна причина за незадоволство.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„На секој фудбалер му е потребен период на адаптација и минути на теренот за да докаже колку вреди. Тој тоа не го доби, но ќе го докаже кога ќе добие прилика. Не му се допаѓа оваа ситуација, но е фокусиран и многу мотивиран. Ќе видиме колку ќе биде трпелив“, смета неговиот агент.