Најголемата сензација оваа сезона во Серија А, Криштоф Пијатек би можел да ја напушти Џенова уште во јануарскиот преоден рок, пренесува еминентниот „Газета дело Спорт“.
Полскиот напаѓач е вистинска „гол машина“ и од почетокот на сезоната има постигнато 14 гола во сите натпреварувања. Пијатек пристигна во Џенова ова лето за само 4 милиони евра, но италијанскиот клуб тешко дека ќе може да го задржи во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него сериозен интерес покажуваат Јувентус, Интер, Баерн Минхен, Челзи и Борусија Дортмунд, кои се спремни да испратат богати понуди уште во јануари.
Џенова не ја искулучува можноста да го продаде Пијатек во зимскиот преоден рок, но сака да го задржи напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната.
Цената на Полјакот во моментов изнесува помеѓу 20 и 30 милиони евра.
https://youtu.be/6YbJ0m7hsNU