Дома Македонски спорт Мак ракомет Милосављев нема проблем да остане во Вардар и до крајот на кариерата

Милосављев нема проблем да остане во Вардар и до крајот на кариерата

milosavljev

Дејан Милосављев е новата ѕвезда на Вардар, човекот кој не дојде со големи очекувања денес е еден од најзаслужните за одличниот старт на „црвено црните“.

Во Вардар дојде кога фантастичниот Арпад Штербик си заминуваше и никој не веруваше дека Милосављев може да биде адекватна замена. Поточно, тој дојде со очекувања да биде втор голман, но набрзо стана незаменлив помеѓу стативите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Самиот Милосављев искрено за клупската страница на Вардар потврди дека воопшто не очекувал ваков почеток.

„Искрено не го очекував ова. Знам дека сум на вистинското место. Севкупниот труд и подготовките, како и поддршката на екипата, клубот и голманскиот тренер Дејан Периќ дадоа ваков резултат, односно да јас бидам подготвен да ја понесам улогата на првиот голман. Воопшто не е мал залак, односно, многу е тешко да се биде прв голман во ваков клуб, покрај вакви навивачи и со големиот притисок. Но мислам дека добро се снајдов и можам да речам дека ќе бидам задоволен ако продолжи вака, но би сакал да биде уште подобро“, вели Милосављев.

Потоа откри дека без никакво размислување го прифатил повикот од Вардар.

„Првиот пат кога ме повикаа бев во Хрватска со репрезентацијата, во јануари. Менаџерот ми кажа дека Вардар се јавил и што мислам јас? Одговорив дека сакам во Вардар. Не прашав ниту едно дополнително прашање“.

Го опиша и натпреварот пред домашната публика против Рајн Некар кој со нетрпение го чекал.

” Чув, а и гледав каква може да биде атмосферата во Скопје, но сега прв пат ја доживеав. И тоа што го доживеав на теренот, со поддршката која публиката ја дава, не се објаснува. На моменти се чувствував и слаб и барав поддршка, и кога и да се свртев кон публиката и да побарав од нив поддршка, ја добивав. И сѐ добро заврши. Таа атмосфера не се опишува, се доживува. Колку е тоа силна енергија, на трибините беа свршеницата и мајка ми, кои по натпреварот не можеа да се смират, полни со емоции и воодушевување. Мислам дека оваа публика е нешто посебно“

Порача и дека би останал во Вардар до крајот на својата кариера.

„Во Вардар, договорот ми е на три години. Но има луѓе кои кога ќе дојдат, коментираат, добро браниш, млад си, нема да останеш долго во Вардар, но јас не размислувам за друг клуб. Неверојатно е ова што тука го доживувам и би останал уште 15 години, целата своја кариера. Гледам зашто сите играчи тука би сакале да ја поминат кариерата. Најверојатно ќе дојде време да отидам во друг клуб, зашто сите менуваат, но сега би сакал тука цела своја кариера, ако е можно“, изјави

Комплетното интервју на Милосављев можете да го прочитате на официјалната стра на РК Вардар – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…