Дома Фудбал Кутињо: Ова не е нормално, но не сум загрижен!

Кутињо: Ова не е нормално, но не сум загрижен!

Ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо не е загрижен од слабата серија на Каталонците во првенството, но признава дека е изненаден од слабите резултати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По добриот старт на сезоната, Барса сега е во серија од четири натпревари без триумф со што и ја загуби првата позиција на табелата. Сепак, Кутињо не е загрижен за таквата ситуација.

„Не, воопшто не сум загрижен. Важно е дека сме меѓу лидерите и почнавме добро во Лигата на шампионите. Не е нормално да немаме победа во четири натпревари од Ла Лига. Но, ова е само почеток на сезоната, и многу работи ќе се случат до крајот“, изјави Кутињо кој моментално е со бразилската репрезентација.

https://youtu.be/WlfZbf8ZIcQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Турците по срамота на СП донесуваат неочекувана одлука: Тоа ни е единствена опција!

Репрезентацијата на Турција беше елиминирана од Светското првенство по неочекуваните пораз…