Жефри Кондогбија кој денес настапува за Валенсија во кариерата го носеше дресот на Ленс, Севиља, Монако Интер и репрезентацијата на Франција.
Кондогбија можеби некогаш ќе се врати во некои од споменатите клубови, но дресот на француската репрезентација нема да го носи повеќе. Имено, овој дефанзивен игрча за врска се одлучи да настапува за Централноафричката република.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25 годишниот фудбалер дресот на репрезентацијата на Франција го носеше пет пати, беше член и на младинските селекции на оваа репрезентација. Кондогбија беше член на репрезентацијата до 20 години која во 2013 година го освои Светското првенство.
Тој за новата репрезентација ќе настапува на африканскиот Куп на нации во 2019 година.