Тимот на Веспрем за кој настапува македонскиот ракометар Дејан Манасков поради лошите резултати неодамна го отпушти Љубомир Врањеш, а денес беше претставена неговата замена.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нов тренер на Веспреме ќе биде Давид Дејвис. Човекот кој е поранашен помошник на Раул Гонзалес во Вардар.
Дејвис потпиша договор на една година, со опција истиот да биде продолжен на уште една. Тренерската кариера Дејвис ја започна во Вардар каде што се задржа пет години, беше дел и од тимот кој стана европски шампион.
Кога го напушти Вардар беше помошник тренер во репрезентацијата на Русија, а потоа го превзема Египет.