Дома Македонски спорт Мак баскет Карпош Соколи го освои првиот трофеј во историјата!

Карпош Соколи го освои првиот трофеј во историјата!

Кошаркарите на Карпош Соколи се победници во Купот на Македонија, откако во финалето го совлада Фени индустри 80-69 и го освои првиот трофеј во историјата на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Карпош Соколи во финалето ја оправда фавористската улога, иако Фени беше во игра се до почетокот на последната четвртина.

Првото полувреме му припадна на Карпош Соколи со 42-37, предност до која играчите на тренерот Николиќ стигнаа серија 16-4 во последните три минути, откако претходно Фени водеше 26-33.

Карпош во третиот период прв пат создаде двоцифрена предност 49-39, но Фени уште еднаш се врати, со серија 3-13 за 55-52.

Мечот кошаркарите на Карпош Соколи го решија во првата половина од последната четвртина, кога на пет минути до крајот на мечот со тројката на Пери ја остварија највисоката предност од 17 поени (71-54).

Четворица играчи во тимот на Карпош Соколи постигнаа двоцифрен број на поени, Мавра 21, Лабовиќ 17, Пери и Зековиќ по 13.

Николовски со 19 поени и Магдевски со 10 поени, пет асистенции и шест украдени топки беа најдобрите играчи кај Фени индустри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …