Манчестер Јунајтед е во голема криза, не само резултатска, туку и односите на фудбалерите со Мурињо се многу лоши.
Мурињо уште на самиот старт на сезоната јавно изјави дека не е задоволен од преодниот рок, пред се поради фактот што на „Олд Трафорд“ не пристигна дефанзивец од светска класа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Приоритет на Мурињо беше доведување на дефанзивец, а сега се откриени и имињата кои биле најголеми желби на „Специјалниот“.
Имено, Фабио Капетло откри дека Мурињо ова лето сакал двајца дефанзивци кои играат во Серија А.
„Ова лето на состанокот на тренерите се сретнав со Мурињо, бараше двајца дефанзивци. Едниот беше Скриниар, а другиот Кулибали“, откри Капело.
Меѓутоа, раководството на Јунајтед не успеа да му ја исполни желбата на Мурињо, најмногу поради фактот што Интер и Наполи не сакаа да се разделат со своите фудбалери.