Фудбалерите на Ливерпул синоќа на Сан Паоло во Наполи беа поразени од Наполи со минимални 1:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англискиот тим е поразен во драматична завршница, односно со гол после одлична акција во 90 минута, а по натпреварот Јирген Клоп не го криеше своето незадоволство.
„Сите сме виновни за овој пораз. На играчите нема што да им забележам, завршија добра работа, се трудеа, меѓутоа во клучните моменти не беа доволно сигурни и умни. Кога се случува тоа, доаѓа поразот.“ – изјави Клоп и додаде:
„Да останеше 0:0, ќе беше добро… Но, направивме грешка на нивниот гол, а ова ни се сучува по втор пат во оваа сезона. Мора да работиме на тоа. Во Наполи не бевме на своето ниво.“