Во времето на т.н модерен фудбал навикнавме да гледаме фудбалерите да прават скапоцени трансфери, но ова е веројатно премногу и за денешната ситуација.
Поранешениот млад напаѓач на Осијек, Јосип Сусиќ неодамна направи трансфер во Катар, а денес хрватаските медиуми објавија дека овој трансфер изнесувал неверојатни 30 милиони евра!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За работата да биде уште почудна Сусиќ нема ниту еден натпревар во првата или втората хрватска лига, а не бил член на ниту една младинска селекција на репрезентацијата на Хрватска!
„Тој своите квалитети настојуваше да ги докаже играјќи во Задар, Хајдук, Локомотива, па на крајот пристигна кај нас. Не е ништо посебно во играчка смисла, но нема повеќе да изговорам ниту еден лош збор за неговата вредност“, внимателно изјави главниот скаут на Осијек Марин Скендер.
Официјални информации се уште нема и истите би требало да се појават наскоро.