Дома Останати Ракомет Заслужено: Дејан Милосављев МВП за месец септември во СЕХА лигата

Заслужено: Дејан Милосављев МВП за месец септември во СЕХА лигата

Сосема заслужено голманот кој оваа сезона пристигна во Вардар, Дејан Милосављев е избран за МВП за месец септември во СЕХА лигата.

Милосављев на стартот од сезоната прикажува фантастични настапи како во СЕХА лигата на така и во Лигата на шампионите. Поради неговите чудесни одбрани освои најмногу гласови на социјалните мрежи и слободно можеме да кажеме дека заслужено стигна до ваквото признание.

Во СЕХА лигата во месецот кој измина Вардар запиша победи против Железничар, Татран Прешов и Стеауа Букурешт.

Зад Милосваљев останаа Томи Возаб (Нексе), Јануш Лапајне (Татран) и Морено Цар (Нексе).

https://www.facebook.com/SEHALeague/posts/1438910059545063

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Инцидент на ракометен натпревар во Белград: Играч нокаутиран, татко му влета на теренот

Натпреварот меѓу Лавови и Партизан во ракометната лига беше обележан со инцидент во 54. ми…