Дома Топ вести Хаос во Барса, Каталонците сега се плашат за Меси!

Хаос во Барса, Каталонците сега се плашат за Меси!

Јасно е дека после катастрофата која ја доживеа Барса во Париз почнаа обвинувањата, незадоволството и барањето на виновниците.

Луис Енрике е веќе отпишан и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“, но во Барса сега стравуваат дека Лео Меси нема да го продолжи договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сомнежот кај Аргентинецот се зголемува од ден на ден, а извори блиски до клубот тврдат дека ќе бара 50 милиони по сезона, сума која Барса нема да може да си ја дозволи.

Сите го вперуваат прстот во Андре Гомеш, кој се смета за главен виновник за поразот во Париз. Португалецот е едно од најголемите промашувања во историјата на Барселона – пристигна за 50 милиони евра, го истисна Ракитиќ од тимот, иако на сите им јасно дека не го заслужува тоа.

Сега на удар дојда и челниците на клубот, односно нивните трансфер одлуки. Од сите играчи кои пристигнаа минатото лето игра само Умтити и тоа повремено. Французинот не импресионираше, но останатите засилување се практично неупотребливи.

„Спорт“ пишува дека изјавите на Бускетс и Иниеста кои отворено ја критикуваа тактиката на тренерот се само врвот на ледениот брег. Соблекувалната му замерува дека многу менува и дека полека се откажал од препознатливата игра на Каталонците.

Во секој случај тешкиот пораз предизвика бура, а како ќе се заврши останува да видиме!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…