Дома Фудбал Италија Дербито за Јувентус: Роналдо асистираше, Манџукиќ погодуваше, „дамата“ на +6! (ВИДЕО)

Дербито за Јувентус: Роналдо асистираше, Манџукиќ погодуваше, „дамата“ на +6! (ВИДЕО)

Јувентус стигна до победа од 3:1 во дербито против Наполи, Кристиано Роналдо не се запиша во листата на стрелци, но имаше клучен допринос во победата.

Актуелниот шампион на Италија стигна до максимален учинок од седум победи во седум натпревари и сега има предност од +6 во однос на Наполитанците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Воведните минути поминаа во знак на гостие. Зјелински во седмата минута ја погоди стативата, а четири минути подоцна Наполи стигна до предност, преку Дрис Мертенс. Овој гол како да беше аларм за домаќините кои во продолжение заиграа многу подобро.

Се играше 26 минутата кога Роналдо од левата страна испрати одлично нафлување кое во гол го претвори, Марио Манџукиќ.

Второто полувреме помина во целост во знакот на домаќинот. Веќе во 49 минутата Роналдо ја погодува стативата, а одбиената топка стигнува до Манџукиќ кој постигнува погодок за целосен пресврт.

Неполни 10 минути подоцна Марио Руи после стартот над Дибала заработи втор жолт картон и тимот на Карло Анчелоти остана со играч помалку. И покрај тоа што играа со играч помалку, Наполи успеа да создаде 100% шанса, но истата не ја реализираше Калјехон во 72 минута.

Казната за ова промашување следуваше четири минути подоцна. После еден корнер од десната страна, Роналдо беше највисок во скокот, одлично шутираше, а топката стигна до Бонучи кој ја смести во мрежата за конечни 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…