Дома Фудбал Италија Како Интер работеше минатата година и со колкави загуби?

Како Интер работеше минатата година и со колкави загуби?

Миланскиот гигант Интер објави загуби од 18 милиони евра за сезоната 2017-18, пренесуваат италијанските медиуми.

Сепак, клубот објави дека нема да има проблеми со исполнувањето на критериумите за финансискиот ферплеј на УЕФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Всушност, „нероаѕурите“ се во подобра позиција од минатата година, кога загубите беа во вредност од 24 милиони евра.

Трошоците за инфраструктура и младинските формации не се земени предвид, па клубот мора да биде на нула по одбивањето на овие трошоци.

Приходите, со исклучок на продажбата на играчи, се зголемија за 6% и веќе се над 280 милиони евра. Одборот, исто така, закажа состанок за инвеститорите на 26 октомври, кога Стивен Чан се очекува да го замени Ерик Тохир како претседател на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…