Директорот на Арсенал, Иван Газидис од следниот месец ќе се пресели во Милан каде го чека местото на генерален директор во клубот.
Како што пренесуваат англиските медиуми Газидис заедно со себе на „Сан Сиро“ сака да го донесе и Арон Рамзи.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Договорот на Рамзи со Арсенал истекува на крајот на сезоната, а Газидис ќе го убедува да му се придружи во италијанскиот гигант.
Поради тоа Арсенал е спремен да го продаде Велшанецот во јануари, за да не го загуби играчот без обештетување следното лето.
За Рамзи интерес покажуваат уште Јувентус и Тотенхем, но Газидис се надева дека ќе успее да го убеди играчот да го избере токму Милан.