Масимилијано Алегри разговараше за италијанските медиуми за конкурентите за освојувањето на титулата во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Рома и Интер сезоната ја започнаа со цел да се обидат да го симнат Јуве од тронот, според досегашниот дел од шампионатот, на Јуве повторно ќе му биде главен ривал екипата на Наполи. Токму Јувентус и Наполи ќе се сретнат овој викенд, а пред натпреварот, според мислењето на Алегри, нема многу да влијае на борбата за Скудетото.
„Нашите натпревари секогаш се комплицирани. Што и да се случи во сабота, уште многу натрпевари се играат после тој. Наполи е одличен тим, а Анчелоти внесе смиреност во нивната игра. Тие дефинитивно се нашиот најголем ривал за титулата“, изјави Алегри.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.