Дома Фудбал Mичу Батшуаи вчера направи нешто што не му успеало на никој во 21-ви век

Mичу Батшуаи вчера направи нешто што не му успеало на никој во 21-ви век

Мичу Батшуаи никако да добие стандардно место во Челзи, но тоа не го спречува да руши рекорди.

Со вчерашниот гол за Валенсија во ремито (1:1) против Селта Виго, популарниот „Бетмен“ стана првиот фудбалер во 21-иот век кој постигнувал голови во Примера, Бундес лигата, Премиер лигата и Лига 1.

Со вчерашниот гол во 25-тата минута го отвори контото на „Месталја“, додека во претходните сезони постигнуваше голови за Челзи, Борусија Дортмунд и Марсеј.

Кога и Батшуаи и да оди на позајмица се докажува, но никако да добие место во првите 11 на лондонскиот клуб.

Не можеме и да не прокоментираме дека сега би му дошол и тоа како добро на Челзи покрај неефикасноста на Жиру и Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…