Дома Фудбал Италија ИНЗАГИ: „Јуве со Роналдо е најдобриот тим во Европа“

ИНЗАГИ: „Јуве со Роналдо е најдобриот тим во Европа“

Tренерот на Болоња, Филип Инзаги изјави дека со доаѓањето на Кристиано Роналдо започна ново поглавје во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот во јули пристигна од Реал Мадрид, а даде три гола на шест натпревари за тимот од Торино. Јуве седум пати по ред ја освојува титулата во Серија А, како и беше вицешампион на Европа два пати во последните четири години.

„Јувентус апсолутно е доминантен во Италија, а во Европа се блиску да ја освојат Лигата на Шампионите. Со Роналдо, кој е најдобар фудбалер во светот, Јуве е најдобриот тим во Европа или барем еден од најдобрите. Тоа не е ништо ново, тоа сите го знаат“, изјави Инзаги.

Болоња има четири бода од пет натпревари, додека Јуве е на максимални 15 пред натпреварот помеѓу двата тима вечерва од 21:00.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…