Капитенот на Италија и Јувентус, Џорџо Киелини предизвика големи дискусии со гласањето за наградите на ФИФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во категоријата тренери, за најдобар беше избран Дидие Дешамп, а кога ФИФА ја објави листата со гласови на капитените и селекторите цела Италија остана во чудо од гласовите на Киелини.
Имено, јавноста во Италија му замери затоа што ниту еден глас не му даде на својот тренер, Масимилиано Алегри. Тој пет бода му даде на Дешамп, три на Зидан и еден на Гарет Саутгејт.
Што се однесува на гласањето за најдобар фудбалер, Киелини пет бода му даде на сегашниот соиграч, Роналдо, а тоа го направи и селекторот на Италија, Роберто Манчини.