Златан Ибрахимовиќ за неколку дена ќе наполни 37 години, се уште активно игра фудбал, но веќе размислува за тоа каде ќе се пензионира.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ибра во текот на кариерата играше за многу големи клубови и секаде настапуваше со голем успех и освојуваше трофеи.
Сега во разговор со медиумите откри дека планира да се врати во својот матичен клуб Малме и таму да ја заврши кариерата.
„Добив понуда. Клубот каде ја започнав кариерата сака да се вратам дома и таму да ја завршам кариерата. Морам да признаам дека сум заинтересиран. Всушност, тоа е единствен клуб со кој немам трофеј“, изјави Ибрахимовиќ.