Дома Фудбал Англија Добри вести за Гвардиола: Де Брујн спремен за големото дерби

Добри вести за Гвардиола: Де Брујн спремен за големото дерби

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн се рехабилитира од повредата побрзо од очекуваното и се надева дека ќе биде спремен за градското дерби против Манчестер Јунајтед кое на програмата е во ноември.

Белгискиот репрезентативец кој беше најдобар играч на „граѓаните“ минатата сезона кога запиша 8 гола и 16 асистенции, се здоби со повреда на коленото на тренингот минатиот месец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Брујн изјави дека ќе ги обнови тренинзите во октомври и се надева да биде спремен за игра во големото градско дерби кое на програмата е на 11-ти ноември.

„Се уште имам потреба од однор три, четири недели, но сум добар. Се надевам дека наскоро ќе се вратам на терените. Мислам дека ќе бидам готови за дербито против Јунајтед“, потврди Белгиецот.

Манчестер Сити во моментов е на третото место на табелата со 13 бода, два помалку од лидерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …