Дома Останати Мечот со Кабиб не е последен за Мекгрегор, Ирецот си обезбедил договор по негова „мерка“

Мечот со Кабиб не е последен за Мекгрегор, Ирецот си обезбедил договор по негова „мерка“

Конор Мекгрегор без дилеми е најголемата ѕвезда на УФЦ.

Ирскиот ММА борец на 6-ти октомври се враќа во рингот во меч против Кабиб Нурмагомедов, но тоа нема да му биде последен меч како што многумина очекуваа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Претседателот на УФЦ, Ден Вајт потврди дека Конор потпиша нов договор за шест борби, а Мекгрегор направи одлична зделка бидејќи од УФЦ добил се што сакал.

Тој на мечевите ќе го промовира и „Пропер“ висикито кое тој го произведува, па неговиот договор со ММА организацијата е и тоа како вреден.

„Не беше тешко да се договориме со Конор бидејќи сите знаеме колку тој вреди“, порача претседателот Ден Вајт.

Сигурно дека ирскиот борец си направил добар бизнис и си обезбедил голема заработка од борбите, но посебно од вискито кое ќе биде спонзор на сите мечеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…