Дома Трансфер зона Тиаго Силва незадоволен – го напушта ПСЖ!?

Тиаго Силва незадоволен – го напушта ПСЖ!?

Капитенот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва застана во одбрана на своите соиграчи после синоќешниот пораз од Ливерпул.

Сепак, Бразилецот јасно го искажа незадоволството кон спортскиот директор, а дел од одговорноста ја префрли и на тренерот Томас Тухел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тухел поради недостаток на играчи за врска синоќа „експериметираше“ и во средниот ред ги стави Маркињос и Ди Марија, што не е природна позиција за нив.

„Зошто Маркињос и Ди Марија играа во средниот ред? Прашајте го спортскиот директор Хенрике“, изјави Тиаго Силва.

Нејмар се обиде да му помогне на тимот. Направи се што тренерот бараше од него. Луѓето се обидуваат да пронајдат виновник, но сите ние сме виновници“, додаде Бразилецот.

Италијанските медиуми тврдат дека Тиаго Силва сака да го напушти ПСЖ, па најверојатно ја игра последната сезона во Париз. Бразилецот сака да се врати во Италија каде интерес за него покажуваат Милан и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…