Дома Останати Кошарка НБА 42 поени на Лилард не беа доволни, Јокиќ и Денвер изедначија против Портланд 🎥

42 поени на Лилард не беа доволни, Јокиќ и Денвер изедначија против Портланд 🎥

Денвер славше против Портланд во вториот натпревар од плеј-офот.

Портланд пред неколку дена го доби првиот натпревар со Денвер и поведе 1:0, но сега тимот на Јокиќ одигра одлично и изедначи.

Од самиот почеток Денвер имаше предност, а после првата четвртина домаќините водеа со 31:25. И во втората Портланд немаше решение за играта на Денвер, па на пауза нагетси замина со водство од 73:61.

Во второто полувреме Портланд играше нешто подобро, но не успеаа резултатски да се вратат во игра. Домаќините ја задржаа својата предност до крајот на мечот и славеа со 128:109. Серијата сега се сели во Портланд каде ќе се играат два натпревари.До победата Денвер беше предводен од Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 38 поени, осум скокови и пет асистенции. Кај Портланд расположен беше Демијан Лилард, но неговите 42 поени, десет асистенци и четири скока не помогнаа овој тим да дојде до триумф.

Вчера играа уште Милвоки и Мајами, таму Бакси поведоа со 2:0 во серијата откако го декалсираа Мајами со 132:98.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ако Лукаку замине, Интер веќе ја одреди замената

Челзи не се откажува од намерата да го донесе Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“ и спрема но…