Дома Фудбал Останато „4-4-2“ ги избра топ 50 тренери во светот: Гвардиола и Анчелоти на врвот

„4-4-2“ ги избра топ 50 тренери во светот: Гвардиола и Анчелоти на врвот

Познатиот британски магазин „4-4-2“ ги избра 50-те најдобри тренери во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На првото место се најде менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, втор е освојувачот на Лигата на шампионите и шампион на Шпанија со Реал Карло Анчелоти, трет менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, четврти Антонио Конте од Тотенхем, а петти е Стефано Пиоли, италијанскиот шампион со Милан.

Топ 10 ги пополнуваат и Микел Артета (Арсенал), Томас Тухел (до неодамна Челзи), Греам Потер (Брајтон, сега Челзи), Јулијан Нагелсман (Баерн) и Диего Симеоне (Атлетико Мадрид).

На списокот има само двајца тренери од регионот и двајцата од Хрватска. Тренерот на Торино, Иван Јуриќ е на 36. место, а тренерот на Марсеј, Игор Тудор е на 42. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити се интересира за ѕвездата на Ливерпул

Манчестер Сити сериозно размислува за голем трансфер на Алексис Мек Алистер, играч од сред…