Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Неспорен е талентот на младите македонски ракометари

Лазаров: Неспорен е талентот на младите македонски ракометари

По успешно организирано трето издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7″, капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров, со почетокот на школската година го стартуваше проектот „школа за ракомет” низ целата држава.

Идејата за отварање на школата и претходно ја најави Лазаров и е насочена да му овозможи на секое дете во Македонија, без разлика дали живее во урбана или рурална средина да има можност да тренира ракомет и да се занимава со спортски активности, а како крајна цел формирање врвни спортисти и личности.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да ви соопштам дека со почетокот на школската година јас и мојот тим почнуваме со нов проект наречен „ракометна школа” во повеќе градови низ нашата држава. Мојот ракометен камп оваа година го имаше третото издание и од година во година се надрадува и можам слободно да кажам дека успеавме да направиме препознатлив бранд во кој што јас како носител на идеата заедно со мојот тим сме посебно задоволни и горди од зацртаното и оствареното. Меѓутоа, работејќи и создавајќи го тој проект се појави потреба за нов прокет кој што сакаме да го реализираме, а тоа е да бидеме присутни и да работиме квалитетно со македонските деца во текот на 365 дена во годината. Секој почеток е тежок но предизвикот е голем. Се работи за иднината на нашите деца и нивно правилно насочување во животот од најмали нозе, а како крајна цел нивното изградување не само како спортисти туку и како личности. Неоспорен е нашиот талент за спорт како Македонци, ќе се обидеме да го искористиме максимално. Време, трпение и подршка ќе ми биде потребна но ќе работиме стратегиски целно и уникатно.
Не сакаме да бидеме никому конкуренција нити да се споредуваме,сакаме да соработуваме со сите со заедничка цел за напредок на спортот и ракометот во Македонија од најрана возраст“, истакна Лазаров.

Од КМГ спорт во оваа насока посочија дека усписите се во тек, а право да се запишат имаат момчиња и девојчиња родени 2003/04 и помали, кои ќе бидат поделени по возраст и врз основа на досегашното искуство во тренирање ракомет.
Сите информации можете да ги добиете и на официјалната фејсбук страна Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7″ (https://www.facebook.com/handballKL7/)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…