Антонио Конте сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната на Тотенхем.
Англиските медиуми откриваат дека главна мета ќе биде стоперот на Торино, Глејсон Бремер, кој игра одлична сезона во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бремер го привлече вниманието на многу европски гиганти и за него силен интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус, но Конте е спремен да ја победи конкуренцијата.
Наводно Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да испрати понуда од 25 милиони евра.
Кристиан Ромеро поради повреда ќе биде надвор од терените два-три месеци, па нов дефанзивец е приоритет за „Спарси“.
Конте верува дека Бремер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра, па го сака Бразилецот уште во јануари.