Дома Македонски спорт Мак фудбал 24 години потоа: Ден кога испишавме историја (видео)

24 години потоа: Ден кога испишавме историја (видео)

Пред 24 години на денешен ден македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален натпревар, во Крањ против селекцијата на Словенија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски уште во 5-та минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски, како и Драган Канатларовски.

Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев.

Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …