Дома Фудбал Англија Гвардиола не мрда од „Етихад“, става потпис на нов договор

Гвардиола не мрда од „Етихад“, става потпис на нов договор

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не размислува да го напушти клубот од „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


49-годишниот Шпанец веќе преговара со раководството на клубот за продолжување на договорот до 2022 година.

Минатата сезона Манчестер Сити заврши на второто место во Премиер лигата и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од Лион.

Токму Гвардиола може да одигра клучна улога во доаѓањето на Лионел Меси на „Етихад“ бидејќи двајцата се во исклучително добри односи.

Каталонскиот стратег смета дека поставил „темел“ на тимот за во иднина и е спремен да стави потпис на нов договор.

Актуелниот договор на Гвардиола истекува во 2021 година според кој заработува 24 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Распад-систем во Реал Мадрид: Рудигер делел шлаканици во соблекувалната

Дека ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид е сосема надвор од контрола најдобро пок…