Дома Трансфер зона Јувентус и Интер во битка за потписот на Толисо

Јувентус и Интер во битка за потписот на Толисо

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.

25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, оваа сезона често добиваше шанса за настап, но Баерн е спремен да го стави на продажба на крајот на сезоната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.

Јувентус и Интер се спремни да понудат околу 30 милиони евра и веќе ја започнаа трката за потписот на Французинот, кој од следната сезона најверојатно ќе игра во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…