Дома Тенис 19-годишната Лејла Фернандез го продолжи сонот: Ќе се бори за финале на УС Опен

19-годишната Лејла Фернандез го продолжи сонот: Ќе се бори за финале на УС Опен

Ако заврши сонот на младиот Карлос Алкараз во машка конкуренција тоа не се случи со Лејла Фернандез кај жените која ја победи Елина Свитолина (2:1) и обезбеди место во полуфиналето.

19-годишната Канаѓанка поведе со 6:3 во првиот сет против петтата носителка, Свитолина возврати на ист начин, но Фернандез ја доби драмата во тај-брејкот и со 7:5 дојде до триумф.

Во полуфиналето Лејла ќе игра игра против Арина Сабаленка која ја елиминираше Барбора Крејчинкова со 2:0.

Белорусинката сега е прва фаворитка по елиминацијата на Барти, но сигурно дека нема да и биде лесно против младата и мотивирана Фернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…