Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неделното дерби на Ливерпул е одлична можност неговите играчи да го поправат впечатокот и да излезат од кризата.
„Ливерпул одлично се снаоѓа во шампионатот. Со нетрпение го очекуваме ова дерби. Мислам дека ова е совршен натпревар за играчите и навивачите. Во последно време сме во тежок период, но ќе им одиграме добар натпревар“, истакна Солскјер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Норвежанецот откри и дека повредата на Давид де Геа не е сериозна и Шпанецот нема да отсуствува долго време.
„Не очекувам Де Геа да игра во недела, но неговата повреда не е толку лоша како што се плашевме. Мислам дека нема да биде аут долго време“, изјави Солскјер, кој на крајот прокоментира и за престојните трансфери.
„Преодниот рок во јануари е секогаш комплициран, но ако има достапни играчи за вистинска цена сигурно дека ќе бидеме спремни. Постојат искусни играчи кои би требало да им помогнат на нашите млади и вреди да се донесат. Бараме двајца играчи и имаме пари за трансфери“, заклучи Норвежанецот.