Дома Фудбал 16. јуни е голем ден за македонскиот фудбал – Фудбалската федерација стана членка на ФИФА

16. јуни е голем ден за македонскиот фудбал – Фудбалската федерација стана членка на ФИФА

На денешен ден, на 16. јуни 1994 година Фудбалската федерација на Македонија е примена за полноправна членка на Светската фудбалска федерација – ФИФА. 

Тогашниот наш сојуз ФСМ, на конгресот на ФИФА во Чикаго се здоби со статус полноправна членка на Светската фудбалска организација.

Претставници на нашата делегација во Чикаго беа: претседателот Љубисав Иванов – Ѕинго и генералниот секретар Илија Атанасовски – Ико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…