Дома Македонски спорт Мак ракомет 16 позитивни во тимот на Кире Лазаров – цел тим оди во изолација!

16 позитивни во тимот на Кире Лазаров – цел тим оди во изолација!

Коронавирусот се појави во тимот на на Кире Лазаров, Голден Арт КЛ7.

Од клубот соопштија дека по натпреварот против Радовиш дури 16 нивни членови биле позитивни на тестириањето кое го направиле затоа што се појавиле симптими кај дел од играчите.Целиот тим сега ќе оди во изолација .


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Соопштението на клубот ви го пренесуваме во целост

“Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот Ковид19 (покачена температура, губење на вкус и мирис), па поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид тестирање во Клиника Жан Митрев (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 Ковид19 позитивни резултати.Според прописите за третман на лица кои се Ковид19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови. Би сакале да потсетиме дека пред стартот на подготвоките на тимот пред оваа натпреварувачка сезона, нашиот клуб беше еден од ретките клубови кои направи комплетно теститрање на играчкиот погон во првиот тим и младинските категории, како и на комплетниот стручен штаб и клубската логистика, при што навремено беа откриени два случаи позитивни на Ковид19 висрусот и истите беа изолирани и излечени.За крај, апелираме до сите клубови и целокупната јавност да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, со една единствена цел, спречување на понатамошно ширење на вирусот Ковид 19“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…