Дома Фудбал 15 годишното чудо на Борусија ќе тренира со првиот тим, си доби и свој дрес

15 годишното чудо на Борусија ќе тренира со првиот тим, си доби и свој дрес

Само прашање на време е кога младиот Јоусуфа Моукоко ќе биде прекомандуван во првиот тим на Борусија Дортмунд.

Можеби тоа ќе се случеше и во вториот дел од сезоната која неодамна заврши, но пандемијата со коронавирусот расипа многу планови, а можеби еден од нив беше и промоцијата на Моукоко во првиот тим.

За овој 15 годишник се пишува подолго време, тој прави вистински чуда во младинските категории и има неверојатни бројки. Наскоро ќе добие прилика да покаже што знае и помеѓу сениорите. За почеток тој започна да тренира со првиот тим на „милионерите“.

Имено, официјално е потврдено дека 15 годишното чудо од дете предсезоната ќе ја помина со првиот тим, а си доби и негов дрес со број 18.

Моукоко е и младински репрезентативец на Германија и во ноември ќе наполни 16 години и останува да се види кога ќе добие шанса да дебитира за првиот тим на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…