Дома Фудбал Италија Официјално: Тен Хаг во Ајакс до 2022 година!

Официјално: Тен Хаг во Ајакс до 2022 година!

Тренерот на Ајак, Ерик тен Хаг денес потпиша нов тригодишен договор и се обврза на верност со холандскиот гигант до 2022 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тен Хаг доби нов договор како награда за одличната сезона во која Ајакс ја одбои титулата во Холандија и стигна до полуфиналето во Лигата на шампиони.

„Пресреќен сум. Имавме фантастична сезона и сега сакаме да го надградиме овој успех и клубот да оди напред. Резултатите кои ги остваривме беа фантастични и ќе биде многу тешко да се подобри тоа. Но, целите се тие и одиме напред. Стилот на фудбал одговара на Ајакс, но и на мене“, изјави 49-годишниот Холанѓанец.

Тен Хаг имаше неколку понуди од Премиер лигата и Италија, но сепак се одлучи да остане во Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …