Дома Трансфер зона Гвардиола спреми 70 милиони за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Гвардиола спреми 70 милиони за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Манчестер Сити игра уште една фантастична сезона, но Пеп Гвардиола веќе размислува дополнително да го засили тимот во летниот преоден рок.

„Граѓаните“ најавија засилувања на одредени позиции, а изгледа дека најмногу фудбалери ќе пристигнат во средниот ред. Еден од оние кои би можеле да го засилат актуелниот шампион на Англија е фудбалерот на Атлетико Мадрид Родри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најсилен е интересот на Манчестер Сити, кој е подготвен да ја плати откупната клаузула од 70 милиони евра за споменатиот фудбалер.

Родри не е единствениот фудбалер на Атлетико кој Гвардиола сака да го доведе во својот тим. Исто така, тука е Саул Нигез, но тој може да биде поскап од Родри. Неговата откупна клаузула изнесува дури 150 милиони евра, па „граѓаните“ не се спремни да платат толкава сума.

Сепак, Манчестер Сити нема лесно да дојде до потписот на Родри, бидејќи за него силен интерес покажува и градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ исто така го сакаат овој 22-годишен фудбалер во своите редови и ќе биде интересно да се види како ќе заврши овој дуел надвор од теренот на градските ривали, иако „граѓаните“ во моментов се поблиску до неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…