Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.
Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и буквално го променија ликот на „росонерите“ со својот квалитет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пјонтек постигна 7 гола на 6 меча и е вистински хит, но критичарите се сложуваат дека клучно засилување на „росонерите“ е Лукас Пакета кј му донесе голем квалитет на средниот ред.
Бразилскиот талент вендаш се вклопи во италијанскиот фудбал и брилјира во дресот на Милан, што е уште еден доказ дека Леонардо одлично го познава бразилскиот пазар и бразилските таленти.
Пакета е само уште едно во низата на големи засилувања кои Леонардо го донесе на „Сан Сиро“ после Кака, Пато, Тиаго Силва…
Италијанските медиуми пренесуваат дека на списокот на Леонаро има уште тројца Бразилци кои ги следи веќе подолго време и сака да ги донесе во Милан.
Станува збор за двајвата таленти на Сао Паоло, 18-годишниот Хелињо и 25-годишниот Луан Сантос.
Станува збор за двајца играчи за врска. Хелињо важи за еден од најголемите таленти во Бразил и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти. Леонардо стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ја победи конкуренцијата.
https://youtu.be/QKJnehD6IVY
Третото име е новата млада ѕвезда на Фламенго Реинер Жесус, кој има само 17 години, но веќе една сезона игра за првиот тим. Станува збор за офанзивен играч за врска кого според начинот на игра, технката и брзината го споредуваат со Кака.
https://youtu.be/todxYxvB3JQ