Во јануарскиот преоден рок долго време траеа преговорите помеѓу Арсенал и Интер за трансфер на Перишиќ, но сега Хрватот би можел да заврши во голмиот ривал на „топџиите“.
Перишиќ побара трансфер од раководството на Интер, па јасно е дека ја игра последната сезона на „Џузепе Меаца“. Како што пренесуваат италијанските медиуми сега Тотенхем е во пол-позиција за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Маурисио Покетино силно го посакува Хрватот во своите редови, а наводно веќе Тотенхем ги направил и првите контакти со неговиот менаџер.
Перишиќ сака преселба во Премиер лигата, а „спарси“ се во предност бидејќи интер е заинтересиран за неколку нивни фудбалери, пред се Сисоко и Ламела.
Италијанскитем медиумите пренесуваат дека на лето може да дојде и до размена на играчи помеѓу двата клуба, така што Перишиќ ќе заврши во Лондон, а Интер ќе го доние Сисоко и пари.
Овој трансфер би бил и своевидна одмазда на Перишиќ кон челниците на Арсенал, на чие инсистирање тој зимава поднесе официјално барање за трансфер до Интер, но „топчиите“ потоа не испратија адекватна понуда и трансферот не се реализираше.
Перишиќ пристигна во Интер во 2015 година од Волфсбург за 19 милиони евра, а неговата моментална цена на пазарот изнесува околу 40 милиони евра.
Потсетуваме, „нероаѕурите“ минатото лето одбија понуда од 50 милиони евра од страна на Манчестер Јунајтед кој силно го посакуваше Перишиќ.