Дома Трансфер зона Џузепе Роси спремен за враќање и тоа во Серија А – преговорите се во тек!

Џузепе Роси спремен за враќање и тоа во Серија А – преговорите се во тек!

rossi

Џузепе Роси некогаш беше еден од најталентираните италијански напаѓачи, но повредите скоро и да го уништија.

Роси некогаш беше член на Манчестер Јунајтед каде што не доби прилика да се докажа, но тоа го направи со заминувањето во Виљареал каде што го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи. Сепак, тешките повреди на коленото го спречија да направи голем трансфер, но овој 31 годишен напаѓач не сака да се откаже.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Тој е се уште без клуб откако му истече договорот со Џенова каде што одигра само девет натпревари минатата сезона. Роси повторно се повреди, а клубот не му понуди нов договор.
Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека Роси повторно е спремен за враќање и наводно би требало да потпише за Фиорентина.

„Роси би бил најсреќен кога би се вратил во Фиорентина со која сме во контакт. Неговото срце остана во Фиренца и верувајте само таму сака да оди. Во контакт сме со клубот и ќе видиме што ќе се случи“, изјави неговиот агент Федерико Пасторело.

Овој напаѓач во дресот на Фиорентина играше од 2013 до 2016 година и одигра 42 натпревари постигна 19 голови и запиша осум асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=-kxxibJTgZg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…