Ентони Џошуа го напушти Скај Спорт како медиум кој имаше ексклузивно право да ги пренесува неговите борби.
Тој се приклучи на компанијата DAZN, која е во сопственост на промоторот Еди Херн. За овој трансфер поранешниот светски шампион во супертешка категорија доби 100 милиони фунти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Влегов во нова фаза од мојата кариера. Го сменив тренинг-амбиентот, го сменив тренерот, сега медиумот. Сега можам целосно да се посветам на боксот и да им дадам можност на сите што гледаат DAZN да видат некои нови нокаути“, изјави Џошуа.
Тоа значи дека реваншот меѓу Украинецот Усик, актуелниот светски шампион и Џошуа ќе биде на стрим каналот ДАЗН.