Дома Трансфер зона Џерард доведе своја крв во Ливерпул, еден од најталентираните англиски фудбалери од јуни на „Енфилд“!

Џерард доведе своја крв во Ливерпул, еден од најталентираните англиски фудбалери од јуни на „Енфилд“!

Завршен е трансферот на еден од најталентираните млади играчи во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стивен Џерард донесе своја крв во тимот на Ливерпул. Супер талентираниот Боби Данкан кој е родниски поврзан со легендата на „црвените“ ќе биде дел од младинскиот тим на клубот од „Енфилд“.

Данкан важи за еден од најталентираните фудбалери во Англија, неодамна на натпреварот против Бразил помеѓу селекциите на репрезентациите до 17 години беше стрелец на три погодоци.

Талентираниот фудбалер до лето кога ќе го направи трансферот во Ливерпул ќе тренира со Виган. Причината поради која ќе почека до јуни е што Ливерпул е под забрана за ангажирање на играчи под 17 години од други англиски клубови – Данакан во јуни полни 17 и нема да има никаков проблем да пристигне на „Енфилд“.

Данакан иначе до овој момент се развиваше во школата на на Манчестер Сити, а Ливерпул на „граѓаните“ за неговите услуги ќе им плати 200.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…