Дома Фудбал Џерард доби понуда која не се одбива – блиску до кормилото на Ренџерс

Џерард доби понуда која не се одбива – блиску до кормилото на Ренџерс

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, а сега тренер, Стивен Џерард доби понуда од славниот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Стивен Џерард наскоро би можел да го преземе кормилото на Глазгов Ренџерс.

Тимот од „Ајброкс парк” веќе имал состанок со Џерард, па 37-годишниот Англичанец е блиску до договор со славниот шкотски клуб.

Џерард моментално го води младинскиот тим на Ливерпул, а доколку ја прифати понудата од Ренџерс најголем ривал ќе му биде поранешниот тренер Брендон Роџерс, кој го води Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…