Дома Трансфер зона Џеко се враќа во Премиер лигата

Џеко се враќа во Премиер лигата

Един Џеко во 2015 година пристигна во Рома од Манчестер Сити и стана незаменлив дел од тимот на „волчицата“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босанскиот репрезентативец до сега има постигнато 83 гола за Рома и високо се котира на листата на најдобри стрелци на клубот на сите времиња.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Џеко ја игра последната сезона на „Олимпико“ и дека на лето ќе се врати во Премиер лигата.

Наводно Вест Хем веќе подолго време го следи Џеко и е спремен да понуди 15 милиони евра. Договорот на напаѓачот со Рома истекува во 2020 година, па ова ќе биде одлична можност за „волчицата“ да заработи на неговиот трансфер.

Џеко има одлични односи со Мануел Пелегрини и сака да се врати во Премиер лигата, а неговото семејство исто така преферира да живее во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…