Eдин Џеко повеќе не е капитен на Рома, тоа го потврди спортскиот директор на римскиот клуб, Тијаго Пинто.
На Џеко капитенската лента му е одземена после последните случувања и вербалниот конфликт со тренерот Пауло Фонсека. Пинто за случаот Џеко – Фонсека зборуваше на денешната прес-конференција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кој живее во светот на фудбалот, живее во семејство и во секое семејство постојат проблеми, кога ќе се решат проблемите тогаш семејството станува посилно. Џеко е многу професионален фудбалер, човек со силен карактер кој има големо минато во Рома, но Фонсека лидер на нашиот спортски проект и му ја препуштивме иднината“.
„Во последните денови имаше состаноци помеѓу мене и Џеко, имаше важни моменти. Излеговме посилни и уверени дека можеме да ја оствариме нашата цел. Клубот мора да воспостави дисциплина, во овој момент Џеко не е капитен на Рома. Сигурен сум дека Един раоти за позитивна иднина на клубот“, изјави Пинто.