Дома Фудбал Џеко: Му благодарам на Челзи, но Рома е моето семејство!

Џеко: Му благодарам на Челзи, но Рома е моето семејство!

Напаѓачот на Рома, Един Џеко призна дека бил поласкан од интересот на Челзи, но е среќен што остана во Рома, клуб кој го нарече „негово семејство“.

„Можам да потврдам дека имаше преговори, но во медиумите се појавија многу неточни информации. Го респектирам Челзи како клуб и можам да кажам дека сум поласкан од нивниот интерес. Меѓутоа јас сум среќен во Рома“, истакна Џеко и додаде.

„Овој клуб се претвори во мое семејство и неделив дел од мојот живот. Од првиот ден бев примен прекрасно и тоа никогаш нема да го заборавам. Многу го сакам овој град, овде за прв пат станав татко, а тука се роди и моето второ дете“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебаклот од 1:9 ја затресе клупата: Ленс повторно го смени тренерот

Јаник Каузак доби отказ по три порази во низа, а Франјо Ивановиќ за само три месеци вторпа…